Кошаркарскиот клуб Монако објави трагична вест дека еден од нивните млади кошаркари загинал во сообраќајна несреќа. Монако се обрати до јавноста со шокантната вест во ноќта помеѓу 11 и 12 мај.
Загинатиот играч е младиот кошаркар Лоренцо Рену, кој играше за нивниот тим кој играше во лигата „Национале 3“, петта во Франција.
Несреќата се случила додека тимот се враќал од натпревар, а покрај починатиот играч, повредени се уште пет лица кои моментално се на лекување (тренерот, тројца играчи и возачот).
Како одговор на оваа трагедија, на натпреварот помеѓу првиот тим на Монако и Бурж ќе се одржи минута молчење.
„Во овие трагични околности, претседателот на клубот и другите членови изразуваат најдлабоко сочувство до семејството и најблиските на починатиот, а исто така се со сите повредени“, се вели во соопштението на Монако.