Top Sport

Кошаркари на италијанскиот клуб Пезаро се заразени со коронавирус

Двајца членови на кошаркарскиот клуб Пезаро од Италија се заразени со коронавирус, соопштија денеска од клубот.

Пезаро е првиот клуб од голема кошаркарска лига кој соопшти дека некој од неговите членови е позитивен на новиот вирус.

„Клубот работи на тоа да ги преземе сите мерки во склад со препораките на здравствената органозација“ – стои во соопштението од клубот.

Оттаму не прецизираат за кои кошаркари станува збор.

Италија е директно погодена од вирусот Ковид-19, па поради тоа во земјата се прекинати сите спортски натпревари, се до 3 април.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');