Top Sport

Кошаркарската бајка во Канада продолжува, Репторси му зададоа удар на шампионот

Кошаркарите на Торонто продолжуваат да ја радуваат Канада. Во утринскиот прв меч од финалната НБА серија против Голден Стејт Вориос на свој паркет триумфираа со 118-109.

„Воините“ единствено во првото полувреме имаа жанса да дојдат до водство, и тоа на самиот почеток на мечот, додека остатокот од мечот.

Торонто од втората половина на втората четвртина доминираше и знаеше како да го идбие налетот на Кари и соиграчите.
Паскал Сијакам од Торронто играше меч како во транс, па само во третата чевртина на противниците им даде 14 поени.

Него не можеше да го запре ниту најдобриот дефанзивец во лигата, играчот на Голден Стејт, Дрејмонд Грин. Покрај Сијакам, стандардно на високо ниво повторно беа Кавај Ленар и Марк Гасол.

Сијакам мечот го заврши со 32 поени, 8 скока и 5 асистенции. Ленард во првата финална победа за Торонто постигна 23 поени, Марк Гасол имаше 20, додека Фред Ванвлит забележа учинок од 15 поени.

Во редовите на Голден Стејт најрасположен за игра беше Стеф Кари со 34, а Клеј Томпсон забележа 21 поен. Грин имаше трипл-дабл учинок со 10 поени и исто толку скокови и асистенции.

Вториот меч од финалната серија повторно се игра во Торонто, во понеделник рано наутро, во 2 часот.

Scroll to Top