Top Sport

Кристопанс брка титулата и кај стрелците, сметките му ги мати Душебаев

Летонскиот „џин“ од редовите на Вардар, Даинис Кристопанс игра сезона за паметење во Лигата на шампионите.

Вчера тој со 10 гола од 14 шута ја демолираше Барселона во полуфиналето на Ф4 турнирот во Келн, па сега му се отвора можноста да игра и за титулата најдобар стрелец на годинешното издание на најквалитетното ракометно натпреварување на Стариот континет.

Кристопанс, кој вчера го торпедираше голот на Де Варгас со проектили кои достигнуваа брзина од 130 киломери на час, се наоѓа на третата позиција на табелата кај стрелците. Пред него единствено се Андре Шмид од Рајн Некар Левен со 91 гол (Рајн Некар не е на Ф4 турнирот во Келн) и лидерот на табелата, поранешниот Вардарец, Алекс Душебаев од Киелце кој води со 94 гола.

Сега останува да видиме дали Душебаев „ќе се распука“ во мечот за третото место против Барселона од 15.15 часот и дали Кристопанс во финалето со Веспрем ќе ја повтори партијата од вчера.

Scroll to Top