Бразилскиот лев бек, Ханиел Лангаро (23) кој одигра одлично СП во Германија и Данска ја засилува шпанска Барселона, јавуваат медиумите од Каталонија.
Ракометарот, кој на штотуку завршениот ракометен Мундијал покажа одлични перформанси, посебно против селекцијата на Хрватска кога беше стрелец на 9 гола, на лето го напушта француски Данкерк и го засилува ракометниот бренд од Шпанија.
Најголемите европски клубови веднаш тргнаа по потписот на Бразилецот, но најбрза и најконкретна беше Барса, па тој не го криеше воодушевувањето што ќе може кариерата да ја продолжи во „Блауграна“.