Top Sport

Кулибали доаѓа во Премиерлига како најскап дефанзивец во историјата!?

Стоперот на калчолигашот Наполи, Сенегалецот Калиду Кулибали е на прагот да го напушти клубот од Неапол и да премине во редовите на лондонски Арсенал со што би станал најскапиот дефанзивен фудбалер во историјата, пишуваат медиумите на Островот.

Новиот тренер на „топчиите“, Микел Артета го означи грамадниот фудбалер како играч кој го сака во екипата во зимскиот преоден рок.

Кулибали е во кавга со претседателот на Наполи, Де Лаурентис, па заминувањето е извесно.

За Сенегалецот интерес пројавија и Барселона, Реал Мадрид, но и Манчестер Јунајтед, а цената што ја одреди Управата на Наполи се движеше околу 120 милионо евра.

Ако челниците на лондонскиот клуб решат да ги дадат бараните пари за Сенегалецот, тогаш тој ќе стане најплатениот одбранбен играч во историјата на фудбалот.

Рекордот моментно го држи Англичанецот Хари Мегваер кој од Лестер Сити во Манчестер Јунајтед премина за 87 милиони евра.

Scroll to Top