Тим од соништата, докажани фудбалери, а никој од нив не успеал да се радува на трофејот во престижната Лига на шампиони.
Сите единаесетмина оставија своја трага во елитното натпреварување, но пехарот со „големите уши“ остана недостижен.
Составот е следниот:
1 – Џанлуиџи Буфон на голот
2 – Фабио Канаваро – одбрана
3 – Лотар Матеус – одбрана
4 – Џанлука Ѕамброта – одбрана
5 – Лилијан Турам – одбрана
6 – Михаел Балак – среден ред
7 – Павел Недвед – среден ред
8 – Франческо Тоти – среден ред
9 – Луис Назарио де Лима Роналдо – напад
10 – Хернан Креспо – напад
11 – Златан Ибрахимовиќ – напад.
Првиот и последниот на листата сеуште со шанси да го срушат проклетството и да се закитат со златниот медал на Лигата на шампионите.
Буфон моментно брани за тимот на ПСЖ и има шанса сезонава за успех во елитното натпреварување, а Ибрахимовиќ доаѓа во јануари во Милан, па доколку тимот од „Сан Сиро“ идната година е дел од ЛШ, а голгетерот реши и таа сезона да ја одигра во „градот на модата“, можно е коцките да му се поклопат.
Останатите деветмина веќе се во фудбалска пензија.