Top Sport

Куп на Италија: Милан убедлив против СПАЛ, Ибра остана на клупа (видео)

Убедлив триумф забележа екипата на Милан во осминафиналето од Купот на Италија. На „Сан Сиро“ Росонерите со 3-0 славеа против екипата на СПАЛ и си обезбедија четвртфинална пресметка со Торино.

Кшиштоф Пјонтек во 20. минута погоди за почетно водство, а во 44 минута Кастиљехо донесе предност од 2-0.

Конечниот резултат беше дело на Тео Ернандез во 66. минута.

Напаѓачкото дуо на Милан – Ибрахимовиќ/Леао мечот го проследи од клупата за резерви.

Scroll to Top