Top Sport

Куп на конфедерации: Ангола му „скина“ два планирани бода на Тунис (видео)

Пред полупразен стадион во египетскиот град Суез, вечерва Тунис и Ангола ги поделија бодовите играјќи 1-1 во премиерниот меч од Групата Е во Купот на конфедерации што се одржува во Египет.

Ангола успеа да освои бод, или подобро речено да му „скине“ два планирани бода на фаворитот Тунис откако во поголемиот дел од мечот беше во негатива.

Тунис поведе со голот на Јусуф Мсакни од пенал во 34 минута.

Предноста на Тунижаните траеше се до 73 минута кога голманот Фарук Бен Мустафа лошо интервенираше, ја одби топката до ногата на Џалми и им донесе израмнување на противниците.

Од истата група во 22 часот започнува дуелот меѓу Мали и Мавританија.
https://youtube.com/watch?v=FhQn38fxM2Q

Scroll to Top