Белгискиот репрезентативен голман Тибо Куртоа (25) решил по завршувањето на сезоната да го напушти Челси, објавија француските медиуми. Според истите извори тој го завршил преговорите со ПСЖ и доколку клубовите се договорат тој ќе се пресели во Париз.
Куртоа има договор со Челси и за наредната сезона, а Белгиецот решил да не го продолжи договорот со „сините“.
Сепак, медиумите што ја објавија информацијата дека Куртоа ги прифатил условите на ПСЖ, пишуваат дека Челси нема намера да го продаде.
Куртоа е играч на Челси од 2011 година. Три години бранеше за Атлетико Мадрид, а од 2014 година е прв голман на Челси.