Кога од Васко де Гама премина во милански Интер, на бразилскиот фудбалер Кутињо му предвидуваа блескава кариера во Серија А.
Сепак, не се наигра многу кај „нероазурите“. Следуваше позајмица кај Еспањол, па трансфер во Ливерпул. Кај „црвените“ Бразилецот го покажа целиот потенцијал.
По 5 сезони во Премиерлигата, следуваше трансфер во Барселона вреден 120 милиони евра. Таму за сезона ипол не се снајде најдобро, одигра 51 меч, а постигна само 13 гола, па сега би можело Кутињо повторно да се врати во Серија А.
„Мундо Депортиво“ пишува дека Јувентус е сериозно заинтересиран да го види во своите редови 26-годишниот фудбалер
Во трка за Кутињо се вклучија и ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Челси.
Неговата вредност во моментов се проценува на околу 100 милиони евра, а годишната плата во Барса му е 13,5 милиони евра.