Top Sport

Квалификации за ЛЕ: Јаховиќ стрелец, Тричковски асистент во првите мечеви

Првите дуели од четвртфиналните квалификациски дуели во Лига Европа денеска се на програмата на Стариот континент.
Пјуник од Ереван попладнето славеше победа од 2-1 над чешки Јаблонец.

Вентспилс од Латвија немаше проблеми со тимот на Гзира од Малта, победа од 4-0. Гостите не успеаја да го повторат успехот како при гостувањето во Сплит, кај Хајдук кога успеаја во двомечот да го елиминираат фаворитот.

Габала од Азeрбејџан загуби на домашен терен со 0-2 од Динамо Тбилиси, а АЕК Ларнака на нашиот репрезентативец Иван Тричковски со 3-0 славеше победа против Левски Софија. Тричковски беше заменет во финишот на мечот, а иако не се запиша во листата на стрелците, забележа една асистенција.

Од останатите македонски фудбалери кои настапуваат во Европа, турска Малатијаспор одигра 2-2 со словенечка Олимпија, а стрелец на еден погодок за турскиот клуб беше Адис Јаховиќ. Екс-репрезентативецот стрелаше прецизно во 66 минута од белата точка.


Во останатите дуели од четвртфиналето кои досега се завршени се постигнати овие резултати:

Партизани (Алб) – Шериф Тираспол (Мол) 0-1
Утрехт (Хол) – Зрињски (БиХ) 1-1
Чикура (Гру) – Абердин (Шко) 1-1
Хонвед (Унг) – Универзитет Крајова (Ром) 0-0
Алашкерт (Ерм) – ФЦСБ (Ром) 0-3
Арсенал Тула (Рус) – Нефчи Баку (Азе) 0-1
Флора (Ест) – Ајнтрахт Франкфурт (Гер) 1-2
Хогесунд (Нор) – Штурм Грац (Авс) 2-0
Лехиа (Пол) – Брондби (Дан) 2-1
Млада Болеслав (Чеш) – Ордабаси (Каз) 1-1
Молде (Нор) – Чукарички (Срб) 0-0
Солигорск (Бел) – Есбјерг (Дан) 2-0
Малатијаспор (Тур) – Олимпија Љубљана (Сло) 2-2
Конах Кија (Вел) – Партизан (Срб) 0-1
ЦСКА Софија (Буг) – Осијек (Хрв) 1-0
Хапоел Бер Шева (Изр) – Каират Алмати (Каз) 2-0
Локомотив Пловдив (Буг) – Трнава (Сло) 2-0

Scroll to Top