Првиот полуфинален пар на Австралија Опен во женска конкуренција го сочинуваат чешката тенисерка, Петра Квитова и изненадувањето на турнирот, Американката Данијел Колинс.
Квитова во четвртфиналето на АО ја совлада убедливо домашната натпреварувачка, Ешли Барти по што рече дека и е жал за тоа што го стори.
„Жал ми е луѓе, што ја победив Ешли. Таа е толку прекрасна личност, би требало да се гордеете со неа“ рече Квитова.
Барти е главната атракција на Австралијците, а Чехињата првпат се пласира во полуфинале по стравичниот напад со нож во 2016 година, во својата куќа.
Квитова која на трунирот влезе како осма носителка би можела од поеделник да биде прва светска тенисерка според ВТА листата во зависност од учинокот до крајот, но и во зависност од пласманот на Наоми Осака.