На „Олимпико“ во Рим вечерва Лацио ја пречека екипата на Фиорентина во рамки на 28. коло од италијанската Серија А. Мечот заврши со резултат 2-1, иако на полувремето предноста беше на спротивната страна.
Првото полувреме и припадна на гостинската екипа, а најзаслужен за водството на Фиорентина беше ветеранот Франк Рибери кој буквално ја „измеша“ одбраната на „Небесносините“ и биеше неодбранливо.
Во второто полувреме Лацио ја промени стратегијата, па наградата за тоа тојде во 67 минута. Лацио доби пенал, а сигурен реализатор беше Чиро Имобиле за 1-1.
Тој резултат беше актуелен се до 83 минута кога домаќините направија целосен пресврт. Луис Алберто со одмерен шут во долниот десен агол го донесе својот тим во водство од 2-1.
Со оваа пресврт-победа Лацио го подзаборави пресврт-поразот од Аталанта пред неколку дена и се врати на минус 4 бода заостанување зад лидерот Јувентус на 10 кола до крајот на првенството.