Top Sport

Лацио со „петарда“ за Сампдорија, хет-трик на Имобиле (видео)

Римски Лацио продолжи со одличните партии во оваа сезона во Серија А. „Небесно сините“ на својот „Олимпико“ ја торпедираа Сампдорија со 5-1 и стигнаа до 11-тата овосезонска победа.

Прва ѕвезда и на овој меч беше италијанскиот репрезентативец, Имобиле кој постигна хет-трик (два гола даде од пенал) и дојде до бројка од 23 погодоци во Серија А.

Голгетерот на Лацио прецизно биеше во 17, 20 и 65 минута, а останатите два гола за римскиот клуб беа Каиседо и Бастос.

Самп на овој меч успеа да постигне само почесен погодок кој беше дело на Линети во 70 минута од мечот.

Лацио во моментов по 20 одиграни кола има 45 бода, еден помалку од вториот Интер и 3 помалку од водечкиот Јувентус.

Scroll to Top