Фантастичен почеток на сезоната има германскиот клуб Ред Бул Лајпциг во Бундеслигата. Екипата предводена од младиот стратег Јулијан Нагелсман попладнево славеше убедлив триумф во Бремен кај екипата на Вердерсо 3-0. Ова е четврта победа за Лајпциг во петтото коло, па сега тие се лидери на табелата со два бода повеќе од Баерн Минхен.
Орбан во 13 минута го отвори резултатот, а Сабицер во 35 минута ја зголеми предноста на 0-2.
Иако во 64 минута гостите останаа со играч помалку на теренот по исклучувањето на Лајмер, сепак во 83 минута со голот на Сарачи стигнаа до конечни убедливи 0-3 против Вердер.