Top Sport

Лајпциг е лидер во Бундеслигата, најнова жртва му e Вердер во Бремен (видео)

Фантастичен почеток на сезоната има германскиот клуб Ред Бул Лајпциг во Бундеслигата. Екипата предводена од младиот стратег Јулијан Нагелсман попладнево славеше убедлив триумф во Бремен кај екипата на Вердерсо 3-0. Ова е четврта победа за Лајпциг во петтото коло, па сега тие се лидери на табелата со два бода повеќе од Баерн Минхен.

Орбан во 13 минута го отвори резултатот, а Сабицер во 35 минута ја зголеми предноста на 0-2.

Иако во 64 минута гостите останаа со играч помалку на теренот по исклучувањето на Лајмер, сепак во 83 минута со голот на Сарачи стигнаа до конечни убедливи 0-3 против Вердер.

Scroll to Top