Top Sport

Ламин Јамал руши рекорди – Барселона инкасира милиони од продажба на дресови

Младиот фудбалер на Барселона и шпанската репрезентација, Ламин Јамал, не престанува да привлекува внимание – и на теренот и надвор од него. Откако неодамна го продолжи договорот со каталонскиот гигант, Јамал го промени и бројот на дресот – наместо 19, отсега ќе ја носи легендарната „десетка“.

Оваа промена предизвика вистинска еуфорија меѓу навивачите, па клубот за само 24 часа продаде дури 70.000 дресови со името на Јамал и бројот 10, поставувајќи нов историски рекорд по дневна продажба. Според шпанскиот медиум COPE, од оваа продажба Барселона инкасирала околу 10 милиони евра.

Дресовите се испратени во повеќе од 170 земји низ светот, а комерцијалниот успех значително ги надмина очекувањата на клубот. Новиот рекорд ја надмина дури и продажбата на дресови кога клубот ги промовираше Лионел Меси и Нејмар како свои играчи.

Јамал, кој е роден во 2007 година, лани настапи на 35 натпревари во Ла Лига, постигнувајќи 9 голови и остварувајќи 13 асистенции. Со само 17 години, тој веќе е препознат како идниот носител на Барселона.

Барселона ја почнува сезоната со нова надеж – и нова ѕвезда, чијшто дрес веќе е моден хит на глобално ниво.

Scroll to Top