Top Sport

Лампард: Ми се гади од т.н. навивачи на Челси, Абрахам сам бараше да шутира

Челси во средата во Истанбул го загуби Суперкуп мечот од Ливерпул на пенали откако Тами Абрахам не го реализираше петтиот пенал за својот тим.

Изминатите два дена Абрахам на социјалните мрежи доби бројни навреди и закани, што посебно го налути тренерот на „сините“, Френк Лампард.

„Посебно ми се гади од т.н. навивачи на Челси. Да ја видевте широката слика таа вечер, Тами Абрахам сам бараше да го изведе петтиот пенал затоа што тоа го сакаше, сакаше да се истакне и да биде храбар на толку голема вечер и пред очите на целиот свет. Истовремено, некој седи зад тастатура или телефон и пишува најодвратни работи кои човек може да си ги замисли. Не знам како им се допушта тоа. Нешто треба да се направи, да се промени менталниот склоп на луѓето“ – вели Лампард.

Менаџерот бара таквото однесување да се искорени.

„Клубот работи многу на борбата против дискриминација во сите видови, па кога ќе се случи нешто вакво, тоа е чекор назад“ – додава Лампард.

И европската мрежа против расизмот во европскиот фудбал (ФАРЕ) бараше од Твитер нешто да стоир по тоа прашање.

„Друштвените мрежи како Твитер и понатаму избегнуваат одговорност кога се работи за надзор и превенција на интернет-злоставување. На поединци им е преедноставно да шират омраза преку твитовите, мора да се преземе нешто“ – стои во соопштението од ФАРЕ.

Scroll to Top