Top Sport

Лаутаро Мартинез: Уживам во Интер, Конте ме препороди!

Интер игра одлична сезона во Серија А. Екипата на Антонио Конте е прв предизвикувач на Јувентус, а најзаслужни за одличната форма се напаѓачите Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинез (22). Заедно постигнаа 33 гола со 6 асистенции.

Токму поради тоа, аргентинскиот фудбалер е мета на Барселона која во него гледа наследник на Луис Суарез.

„Многу сум среќен овде во Интер. Луѓето ме сакаат. Барса ме следи? Тоа значи дека правам добра работа и морам да продолжам по тој пат, тоа е она за што размислувам пред да одам на спиење“ – вели Мартинез.

Минатата сезона беше во сенка на Мауро Икарди, па годинава доживеа трансформација од замена во главен напаѓач.

„За една година многу работи се променија во Интер. Стигна нов тренер, Антонио Конте кој ги подготвува натпреварите на посебен начин. Од првиот ден многу ни помага. Ги увери играчите секогаш да даваат максимум. Тоа сега се гледа по резултатите. Како играч напредував со Конте и уживам сезонава. Ромелу многу ми помага, и на терен и надвор од него“ – вели Лаутаро.

Scroll to Top