Top Sport

Леброн Џејмс: Нема да играм пред празни трибини!

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс порача доколку НБА одлучи мечеви да се играат без публика поради опасноста од ширење на коронавирусот, тој тоа нема да го прифати.

Челниците на НБА испратија допис до сите клубови да бидат подготвени за евентуално играње без публика. За Леброн тоа е неприфатливо.

„Да играме натпревари без навивачи? Тоа е невозможно. Нема да играм. За тоа играм, за соиграчите и за публиката, за тоа се работи. Ако се појавам во салата и таму нема навивачи, јас нема да играм, а тие нека прават што сакаат“ – истакна Џејмс.

Лејкерси пред синоќешниот меч против Милвоки во „Стејплс центарот“ поставија станици за дезинфекција на рацете и ги чекаат наредните упатства на надлежните.

Ниту еден тим не смее на своја рака да одлучи за евентуално празнење на салите.

Scroll to Top