Мемфис Гризлис им го нанесоа на Лос Анџелес Лејкерс, петтиот пораз на последните шест натпревари. Мемфис ги победија „езерџиите“ со 104:99. Џа Морент го засени Леброн Џејмс кој го прослави 37.роденден.
Морент го предводеше Мемфис со 41 поен и 10 скока. Младата ѕвезда на Гризлис погоди шест тројки, две од нив во последната четвртина кога Мемфис направија пресврт. Морент најдобро го следеа Дезмонд Бејн со 20 и Џарен Џексон со 15 поени.
На спротивната страна Џејмс забележа 37 поени, 13 скока и седум асистенции. Леброн на последните шест натпревари постигнува 30+ поени.
Покрај Џејмс, двоцифрен број на поени постигнаа Расел Вестбрук со 16 и Малик Монк со 15 поени. Вестбрук имаше и 12 скока и 10 асистенции. Тој го забележа осмиот трипл-дабл во сезоната.