Легендарната ракометна голманка, Русинката Ина Суслина која цели 6 години ги бранеше боите на ЖРК Вардар, а која од лани е во спортска „пензија“ сподели радосна вест, ќе стане мајка.
Голманката која со својата борбеност и пожртвуваност стана миленичка на скопската публика е во брак со Емануел Рудниковски, па заедно на социјалните мрежи ја објавија веста дека ја очекуваат својата прва принова.