Легендарниот француски ракометен репрезентативец, Мишел Гигу (37) на залезот на кариерата реши да ја смени средината.
Капитенот на сеуште актуелниот европски ракометен шампион, Монпелје во следната сезона ќе ги брани боите на клубот Ним во првата француска лига. Тој потпиша двегодишен договор за клубот од централна Франција.
Според информациите, Гигу нема намера да се откаже од местото во репрезентацијата на „триколорите“, па со игрите во новиот клуб сака да се наметне кај селекторот Динар, пред се за Олимписките игри во Токио.