Тренерот на Сан Антонио Спарс, легендарниот Грег Попович откри какви промени сака да види во кошарката. Тој долги години е дел од Сан Антонио, но и во новите текови, неговата екипа игра старомодна кошарка, па затоа тој открива зошто неговите играчи не инсистираат да шутираат тројки.
„Мразам тројки, ги мразам веќе 20 години. По натпреварот прво што правите го гледате тој сегмент, колку тројки сте дале, колку противниците промашиле. Не ве интересираат скоковите или изгубените топки, или колку добро сте играле одбрана“ – вели Попович.
Тој образложува зошто НБА тимовите се повеќе шутираат тројки.
„Овие денови се е подредено на тројките, тој шут има толкаво влијание на кошарката, доказ за тоа е тоа што тимовите толку го форсираат. Ако сакаме да бидеме поинакви, треба да воведеме шут за 4 поени. Ако сите толку сакаат тројки, ќе обожаваат четворки. Ова веќе не е кошарка, ја нема убавината, досадна е“ – вели Попович.