Top Sport

Лејкерски го решија Њу Орлеанс, Торонто го среди Кливленд, а Милвоки славеше во Бостон (видео)

Кошаркарите на ЛА Лејкерс дома го совладаа тимот на Њу Орлеанс со резултат 112:104.
Леброн Џејмс средбата ја заврши со нов трипл-дабл учинок, вкупно трет сезонава постигнвајќи 22 поени, 12 скока и 14 асистенции. Пред него кај Лејкерси се истакна Кузма со 23 поени.

Кај гостите Ентони Дејвис постигна 30 поени, надополнето со 20 скока.

Во судирот на прво и последнопласираните екипи на Истокот, Торонто беше подобар од Кливленд со резултат 126:110. Кај Кливленд Џордан Кларксон постигна 20 , а Колин Секстон 17 поени, но со тоа не успеаја да го спречат 25-от пораз во сезоната.

Во судирот меѓу Бостон и Милвоки славија Бакси со резултат 120:107. Повторно одличен беше Адетокумбо со 30 поени и 8 скокови.

Во останатите синочепни натпревари во НБА лигата Шарлот го победи Детроит со 98:86 на крилата на Марвин Вилијамс со 24 и Кеба Вокер со 22 поени, а кај Пистонски Блејк Грифин го заврши мечот со 23 поени.

Еве ги резултатите од сите ноќешни натпревари во НБА: Шарлот – Детроит 98:86, Торонто – Кливленд 126:110, Бруклин – Индијана 106:114, Њујорк – Атланта 107:114, Бостон – Милвоки 107:120, Чикаго – Орландо 90:80, Сан Антонио – Минесота 124:98, Портланд – Јута 90:120, Сакраменто – Мемфис 102:99, ЛА Лејкерс – Њу Орлеанс 112:104.

https://youtube.com/watch?v=P7ktdXLwoEU

Scroll to Top