Top Sport

Ленс Херис е МВП на 4. коло во АБА лига (видео)

Кошаркарот на Приморска, Ленс Херис е прогласен за најкорисен (МВП) играч во четвртото коло од регионалната АБА лига.

Херис, како што е наведено на сајтот на лигата, бил најдобар поединец во екипата во победата на словенечката екипа против црногорски Морнар со 101-83.

Херис постигнал 22 поени, а имал и 8 скока и 2 асистенции за 29 минути на паркетот со индекс на корисност од 31.

Освен него, четвртото коло на регионалното натпреварување го одбележаа и Брајан Ален (Задар) со 32 поени, Џејмс Гист (Црвена Звезда) со 10 поени, Жан Марк Шишко (Приморска) со 11 асистенции и Јосип Билиновац (Цибона), односно Хасан Мартин (Будуќност) со по 4 украдени топки.

Scroll to Top