Леонардо Жардим повторно е кормилар на Монако откако сонародник Тиери Анри заработи отказ по 3 месеци поминати на клубот од Кнежевството.
Анри за време на својот престој во Монако од 20 меча успеа да слави победа само на 5, надополнето со 4 нерешени резултати и со поразителна гол разлика 23-43.
Сепак, и покрај очајните резултати на Монако во есенската полусезона, Анри тригодишниот договор кој управата на клубот го раскина со него ќе го наплати „дебело“. Екс-францускиот репрезенативец од авантурата во Монако ќе инкасира околу 10 милиони евра, затоа што договорот беше потпипан на годишна плата од 2.8 милиони фунти.