Top Sport

Лесни победи за Алкалоид и за Еурофарм Пелистер

Ракометарите на Алкалоид го совладаа Охрид со 31:23 и го обезбедија најмалку третото место на табелата кое води во европските купови. Еурофарм Пелистер исто така рутински славеше против Пролет со 17:30 и на најдобар начин се мотивираше пред дербито со Вардар.

Алкалоид наметна фуриозен ритам од стартот, поведе со 8:2, а на полувреме имаше предност од пет гола (15:10). На крајот разликата беше и зголемена, а најефикасни во победничкиот тим беа Серафимов со шест гола, и Симоноски и Кофиловски со по четири погодоци.

Еурофарм Пелистер брзо се одлепи против Пролет и на полувреме имаше предност од шест гола (9:15). Потоа набилда и двоцифрена разлика и славеше надмоќно.

Scroll to Top