Голгетерот на минхенски Баерн, полскиот интернационалец Роберт Левандовски ја продолжи верноста кон шампионот на Германија до 2023 година. Полјакот кој од 2014 година е на „Алијанц Арена“ реши да остане во клубот во кој досега на 161 меч има постигнато 133 гола.
Левандовски, кој беше најгласен од играчите на Баерн во летниов преоден рок барајќи да се доведат квалитетни засилувања во Минхен по заминувањето на Робен, Рафиња и Рибери, со баварскиот клуб освои 5 титули во Бундеслигата, 3 во Суперкупот и 2 во националниот Куп.
Репрезентативецот на Полска пред да дојде во Минхен, ги бранеше боите на Лех Познањ и Борусија Дортмунд.
#FCBayern verlängert mit @lewy_official bis 2023.
ℹ https://t.co/nVjccsGTQp pic.twitter.com/zYomfB4GCH
— FC Bayern München (@FCBayern) August 29, 2019