Полскиот голгетер, Роберт Лецандовски (Баерн Минхен) ќе ја дочека 2020 година како најдобар стрелец во елитниот фудбал. Тој во 2019 година одигра вкупно 58 натпревари и забележа дури 54 погодока што е речиси гол по меч.
Со тоа е разбиена доминацијата на Меси и Роналдо кои претходните години беа најдобри, ако не се земат во предвид 2009 и 2017 година кога титулата најдобар стрелец отиде во рацете на Хари Кејн, односно Един Џеко.
Аргентинецот Меси годинава ја заврши како втор со 50 гола на 58 меча. Да не беше суспензијата од 4 меча поради црвениот картон на Копа Америка, можеби „чудотворецот“ на Барселона и годинава ќе беше на тронот.
Трет на престижната листа е напаѓачот на ПСЖ и на Франција, Килијан Мбапе кој на 49 настапи има 44 гола. Сепак неговата трета позиција не е сигурна затоа што „во врат му дише“ Рахим Стерлинг од Манчестер Сити. Англичанецот досега има 41 гола, а Сити до крајот на годинава ќе гостува кај Вулверхемптон во рамки на Премиерлигата, а потоа има и домашен дуел со Шефилд Јунајтед.
Кристијано Роналдо е дури петти со 39 гола на 50 меча за Јувентус и Португалија.
Ова е листата на најдобри стрелци за 2019 година:
54 гола на 58 меча – Роберт Левандовски (Баерн Минхен / Полска)
50 гола на 58 меча – Лионел Меси (Барселона / Аргентина)
44 гола на 49 меча – Килијан Мбапе (ПСЖ / Франција)
41 гол на 61 меч – Рахим Стерлинг (Манчестер Сити / Англија)
39 гола на 50 меча – Кристијано Роналдо (Јувентус / Португалија)
38 гола на 53 меча – Алфредо Морелос (Ренџерс / Колумбија)
36 гола на 46 меча – Андраж Шпорар (Слован Братислава / Словенија)
35 гола на 45 меча – Ерик Сорга (Флора / Естонија)
35 гола на 49 меча – Серхио Агуеро (Манчестер Сити / Аргентина)
35 гола на 50 меча – Карим Бензема (Реал Мадрид)
34 гола на 45 меча – Хари Кејн (Тотенхем / Англија)
34 гола на 61 меч – Садио Мане (Ливерпул / Сенегал)…