Top Sport

Левандовски против Клоп: Кога не и одеше на Борусија, ги напаѓаше само Полјаците

Полскиот фудбалски репрезентативец, кој во моментов ги брани боите на минхенски Баерн, Роберт Левандовски откри интересни детали од времето кога настапуваше за Борусија Дортмунд.

Тогашниот стратег на „црно-жолтите“, Јирген Клоп, според зборовите на Левандовски, немал високо мислење за Полјаците.

„Кога екипаа не беше во форма, Клоп им приговараше само на Полјаците. Во текот на еден натпревар се дереше „Куба, Куба“, иако Блашчиковски беше на клупа и воопшто не учествуваше во лошата игра на екипата. Тоа го покажа неговиот начин на размислување, неговиот прв инстинкт кога работите ќе тргнат на лошо“ – рече Левандовски.

https://youtube.com/watch?v=jOL3E5W-4XA

Scroll to Top