Фудбалерот на минхенски Баерн, Роберт Левандовски, верува дека неговиот тим може да го елиминира Реал во полу-финалето во Лигата на шампионите, иако смета дека тимот од Мадрид е фаворит во двомечот.
„Кога во две години, два пати ќе ја освоите Лигата на шампионите, нормално е дека сте фаворити. Секако ова не значи дека Реал ќе победи“, рекол Левандовски.
„Последните натпревари покажаа дека секого можеме да победиме. Се наоѓаме во добра форма. Концентрацијата треба да ни биде на највисоко ниво во текот на целиот натпревар и ќе мора да ги користиме евентуалните грешки“.
Овие две екипи играа минатата сезона во четврт-финалето, кога Реал со вкупен резултат 6:3 мина во наредната фаза.
„Секој натпревар е посебен. Воопшто не размислуваме за она што се случуваше минатата година“, истакнал најдобриот стрелец на Баерн, најгласувајќи дека во тимот на Реал сите играчи се опасни.
Првото полу-финале Баерн и Реал ќе го одиграат во среда, во Минахен.