Top Sport

Леванте изгуби два бода од Хуеска, Селта зема бодови за опстанок од Сосиедад (видео)

Тимот на Леванте на нашиот Енис Барди повторно одигра слаб меч и ремизираше со фенерџијата во Ла лига, тимот на Хуеска со резултат 2-2.

Барди го одигра целиот меч. Леванте двапати водеше на мечот, со головите на Роџер и Моралес, но гостинскиот тим на Хуеска се враќаше во игра со погодоците на Енрик и на Авилја.

Црната серина на Леванте без победа трае веќе шест натпревари. Хуеска е убедливо последна со 24 бода.
На другиот попладневен натпревар од 31 коло во Ла лига Селта Виго со 3-1 славеше против Реал Сосиедад. Трите бода за Селта беа од исклучитело значење затоа што со нив тимот скокна неколку позиции и избега од опасната зона на испаѓање.

Scroll to Top