Фудбалерите на Валенсија триумфираа во градското дерби против Леванте во рамки на 16 коло на Ла лига.
Фудбалерите на Леванте, во чии редови значајна улога имаше македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди потполно доминираа во првото пилувреме, додека на „лилјаците“ им припадна вториот дел.
Марти Роџер го отвори резултатот во 11 минута на мечот, на асистенција токму на Барди. Истиот играч погоди за 2-0 во 20 минута, од белата точка. Пред крајот на полувремето, токму Роџер стрелаше и во сопствената мрежа за резултат 2-1 на паузата.
Во вториот дел, Валенсија заигра поангажирано, па Гамеиро, со два гола за 3 минути донесе комплетен пресврт.
На тоа се придодаде и црвениот картон на играчот на домашниот тим, Фалкон во 74 минута, по што до крајот на мечот Валенсија со голот на Феран Торес во 88 минута стави точка на возбудливиот меч.
Пред тоа, Гранада на свој терен со 3-0 слваше побада против екипата на Алавес.
Стрелци на головите за домашната екипа беа Фернандес во 48, Солдадо во 58 и Ерера во 77 минута.