Требаше да биде дерби, но првиот овосезонски натпревар во Француското првенство – Лига 1 донесе лесна гостинска победа за Лион нагости кај Монако со 3-0.
Гостите многу рано дојдоа до предност од 0-1. Уште во 5 минута Дембеле прецизно биеше со глава по корнерот од десната страна за водство.
Шансата за воведна победа на Лион се отвори уште повеќе во 30 минута од мечот кога домашните останаа со играч помалку. Директен црвен картон, по прегледување на ВАР снимка, доби екс-играчот на Барселона, Челси и Арсенал, Шпанецот Цеск Фабрегас. Останува дилемата дали стартот беше за црвен картон и дали беше од невнимание или со намера.
Уште до крајот на првото полувреме Лион ја искористи бројчаната предност, па со удар од далечина Депај носи предност од 0-2.
Конечните 0-3 за Лион беа дело на Тусарт во 80 минута од мечот.