Top Sport

Ливерпул го преживеа Саутемптон и пак е на врвот на Премиерлигата (видео)

Ливерпул успеа да слави против Саутемптон во 33 коло од Премиерлигата со резултат 1-3.

Иако резултатот покажува убедлив триумф, сепак отпорот на домаќинот беше скршен во 80 минута, а дотогаш се закануваше нова „сопка“ за тимот на Јирген Клоп.

Студен туш за „црвените“ стигна уште во раната фаза на мечот, во 9 минута Лонг ја смести топката зад грбот на Алисон по асистенција на Хојбјерг. Водството на домаќините беше актуелно се до 36 минута кога Кеита погоди за 1-1 на асистенција на Александер – Арнолд. Тоа беше резултатот од првите 45 минути.

Во вториот дел Ливерпул ја имаше иницијативата, но беа реализација. Камен од срце на навивачите на Ливерпул им падна во 80 минута од мечот. По еден напад на Саутемптон следуваше контра која ја поведе Мо Салах. Паралелно со него трчаше Фирмињо, и кога сите на стадионот очекуваа асистенција на Египѓанецот, тој од 16 метра биеше необранливо во левиот долен дел од противничкиот гол.

Еуфоријата на навивачите на Ливерпул кулминираше во 86 минута кога капитенот Хендерсон, по асистенција на Фирмињо погоди за безбедни 1-3.

Со овие 3 бода Ливерпул повторно е лидер на Премиерлигашката табела со 82 бода, два повеќе од директниот конкурент за титулата Манчестер Сити кој има 80 бода, но и меч помалку, оној со Кардиф.

Scroll to Top