Top Sport

Ливерпул се надева на чудо: ЛШ нема да не утеши ако не го освоиме првенството

Ливерпул денеска од 16 часот во последното сезонско коло на Премиерлигата го дочекува Вулверхемптон и ќе се надева дека Брајтон ќе направи сензација и ќе му откине барем бод на Манчестер Сити за да можат „црвените“ да се радуваат на титулат првпат по 29 години.

Екипата на Јирген Клоп доколку забележи победа, а сепак не успее да се искачи на пиедесталот во Премиерлигата ќе биде првата во историјата на англискиот фудбал која не е првак на земјата, а има дури 97 бода со само еден сезонски пораз.

„Страшно тешко ќе ни падне, а нема да не утеши ниту Лигата на шампионите. Страшно многу труд вложивме оваа сезона и тоа ќе биде голем удар за нас. Неверојатна сезона, во секоја друга лига веројатно би биле прваци, но и Сити беше сјаен. Напредокот во нашата екипа е забележителен и се надевам дека во ЛШ ќе направиме чекор повеќе затоа што трофеите ја одредуваат екипата“ – вели бекот на „црвените“ Трент Александер-Арнолд.

Scroll to Top