Top Sport

Лоша проценка – наместо Халанд, Барса лани го одбрале Боатенг!

Барселона во јануари минатата година беше во потрага по напаѓач кој би можел да го замени Луис Суарез на некои мечеви. На Каталонците им беа нудени бројни фудбалери, а на крајот челниците на Барса се одлучија да го ангажираат Кевин-Принс Боатенг кој го доведоа на 6-месечна позајмица, пишува „АС“.

Боатенг на „Камп Ноу“ не покажа ништо за да ја оправда довербата, а посебно е интересен фактот што наместо него, Барселона имала шанса да го доведе норвешкото чудо од дете, Ерлинг Халанд. Напаѓачот кој во дресот на Салцбург го привлече вниманието на јавноста сега потпиша договор со Борусија Дортмунд.

Тогаш Норвежанецот имаше само 18 години и и беше понуден на Барса. Сепак, Управата на клубот сметала дека е премлад и неискусен, па се свртеле кон Батенг.

Халанд отиде во Салцбург за 5 милиони евра, па сега направи трансфер во Дортмунд четирипати поскап.

Scroll to Top