Top Sport

Лоши вести за Конте, Алексис Санчез оди „под нож“

Напаѓачот на милански Интер, Чилеанецот Алексис Санчез ќе мора да оди на операција, прогнозираат лекарите на клубот.

Информациите од таборот на „нероазурите“ се дека чилеанскиот интернационалец има сериозна повреда на лигаментите на глуждот на левата нога и на тетивите поради што ќе мора да отсуствува од теренот подолг период.

Санчез повредата ја заработи на пријателски меч против селекцијата на Колумбија во саботата.

Веднаш по мечот, напаѓачот на Интер се врати во Италија каде му беше направена магнетна резонанца, која пак потврди дека операцијата е неминовна. Оперативниот зафат најверојатно ќе се изврши во Барселона.

Засега не е познато колкав период ќе биде потребен за рехабилитација, но претпоставките се дека Санчез нема да му биде на располагање на тренерот Антонио Конте околу 3 месеци.

Scroll to Top