Се чини дека е крај со престојот на хрватскиот фудбалер, Дејан Ловрен на „Енфилд“. Се појасно станува дека Хрватот не е во плановите на Јирген Клоп, а англиските и италијанските медиуми пишуваат дека се поизгледен е трансфер на фудбалерот.
Приказната се разви по мечот со Норич на кој Клоп го изостави Ловрен и како опција во тимот го постави Жоел Матип кој одлично се снаоѓа во тандем во Ван Дајк, кога пред нив е Џо Гомес.
Италијанските медиуми летово пишуваа дека за хрватскиот фудбалер интерес покажуваа Рома и Милан, а фудбалерот наводно е подготвен за намалување на платата само да најде сигурна средина за новата сезона. Ливерпул, наводно, се подготвени да го продадат за 15 милиони евра, иако цената нагласуваа дека му е 20 милиони евра.
На двата италијански клуба кои се во игра им е потребен искусен стопер кој во целост е отворен за преговори.