Top Sport

Ловрен се „полакомил“, му пропадна трансферот во Рома

Пропадна веќе договорениот трансфер на хрватскиот фудбалер, Дејан Ловрен од Ливерпул во Рома.
Миланска „Ла Газета дело Спорт“ пишува дека Ловрен во последен момент побарал од управата на „волчицата“ дополнителен 1 милион евра на име бинуси, по што договорот пропаднал.

Истиот извор вели дека Ливерпул откупната клаузула ја спуштил од 20 на 15 милиони евра, а Рома се обврзала да ја исплати сумата на 2 рати.

Првата рата од 3 милиони евра веднаш за едногодишна позајмица, а преостанатите 12 по завршувањето на сезоната. Единствениот услов бил Ловрен сезонава за клубот од „Олимпико“ да одигра најмалу 20 натпревари.

И Ловрен направил компромис. Според пишувањата на италијанскиот медиум, наместо 4,2 милиони евра годишна плата која ја зема во Ливерпул, се согласил на 3,2 милиони евра.

Тогаш следувало барањето за бонус, по што трансферот пропаднал и преговорите се прекинати.
#Calciomercato #Roma, doccia gelata: salta l’accordo con #Lovren https://t.co/UwNFd9tprN #serieA #roma
— LaGazzettadelloSport (@Gazzetta_it) August 16, 2019

Scroll to Top