Врие вечерва во Белград, илјадници луѓе се движат кон стадионот „Рајко Митиќ“, поранешна „Маракана“ во живо да ги проследат светските ѕвезди од калибарот на Салах, Мане, Фирмињо.
Црвена звезда за неколку минути го започнува дуелот против гигантот Ливерпул во Белград. Домаќините се аутсајдери во однос на противнците, но преполниот стадион сигурно ќе претставува ветар в грб.
Погледнете како изгледа Белград неколку минути пред почетокот на натпреварот.