Top Sport

Луд меч во Копа Судамерикана, од 54 шута не дадоа гол, изгубија 0-1 (видео)

Фудбалерите на боливискиот клуб, Национал Потоси и венецуелската екипа Зулиа одиграа луд меч во првото коло од јужноамериканското континентално натпреварување Копа Судамерикана.

Мечот го добија Венецуелците со 1-0 со погодокот на Брајан Моје во 92 минута. Сепак ќе остане запаметена статистиката на Национал.

Боливијците упатија 54 удари кон противничкиот гол, имаа посед на топката од 79%. Вкупно 19 удари одеа во рамките на голот и сите беа одбранети, по што стигна казната.

Од друга страна играчите на Зулиа упатија 6 удари кон противничкиот гол, два од нив одеа во рамки на голот, а еден удар изненадувачки заврши во мрежата.

https://youtube.com/watch?v=AWX6VXI2gTk

Scroll to Top