Top Sport

Луд потег на Гатузо – во понеделник сите на тренинг

Тренерот на калчолигашот Наполи, Џенаро Гатузо се чини го шокираше целиот фудбалски свет, посебно Италија, земјата која е најпогодена од смртоносниот коронавирус.

Во земја во која до денеска има повеќе од 1.500 починати од коронавирусот, денот пред УЕФА да го одложи ЕП за идната година, Гатузо даде наредба следниот понеделник да се прекине карантинот и сите фудбалери да се појават на тренинг.

Веста синоќа е објавена на официјалниот сајт на клубот.

„Клубот известува дека на 23 март, понеделник, закажан е утрински тренинг“ – стои на сајтот на Наполи.


Фудбалерите на Наполи, екипата во која настапува и македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас тренираа до минатиот петок, затоа што југот на Италија не е толку погоден од вирусот, додека северот на земјата, посебно областа Ломбардија е на директен удар.

Сепак, потегот на Гатузо е луд сам по себе ако се знае дека е нареден карантин на нивото на целата земја.

Scroll to Top