Top Sport

Луда трка на „Хокенхајмринг“ – Макс Ферстапен прв низ целта

Каква луда трка гледачите имаа можност денеска да проследат во „летечкиот циркус“ – Формула 1. Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен е победник на трката за Големата награда на Германија, возена на „Хокенхајмринг“.

Холанѓанецот дојде до втората овосезонска победа на 11-тата извозена трка, вкупно седма во кариерата.

Ферстапен трката за започна од втората позиција, зад Луис Хамилтон кој по низа грешки остана без поени затоа што трката ја заврши како 11-ти. Сепак, херој на денешната трка е домашниот возач, Себастијан Фетел.

Германецот ја започна трката на последната 20-та позиција, а на крајот заврши како втор пред се благодарение на бројните испаѓања на Рикардо, Перес, Норис, Хулкенберг и Валтери Ботас.

Данил Квјат од Торо Росо обезбеди место на подиумот, трката ја заврши на третата позиција.
Потоа следуваа Ленс Строл, Карлос Сајнц, Александер Албон, Кими Раиконен, Антонио Џовинаци, Роман Грожан и Кевин Магнусен.

Scroll to Top