Top Sport

Лудница на Западот на победите на Њу Орлеанс, Оклахома и СА (Видео)

Победите што изминатата ноќ Њу Орлеанс, Оклахома Сити и Сан Антонио го забележаа во НБА лигата, внесоа дополнителна доза на неизвесност во борбата за плејофот, во Западната конференција.

Њу Орлеанс славеше над Голден Стејт 126:120, Оклахома победи во Хјустон 108:102, а Сан Антонио го победи Портланд 116:105. По овоие натпревари на табелата екипите што се наоѓаат од четвртата до деветтата позиција ги дели само една победа.

Јута, Њу Орлеанс, Сан Антонио и Оклахома имаат по 46 победи, а Денвер и Минесота имаа по 45 победи.

Њу Орлеанс до победата над актуелните шампиони ги предводеше Ентони Дејвис со 34 поени, 12 скока и по четири асистенции и блокади. ПОддршка Дејвис доби од Никола Миротиќ (28 поени), Џру Холидеј (25 поени) и Режон Рондо (12 поени, 17 асистенции).

Во редовите на шамионот најдобар беше Кевин Дурент со 41 поен и 10 скока Квин Кук постигна 21 поен, а Клејн Томпсон 18 кошеви.

Оклахома го победи лидерот на табелата Хјустон, благодарение на серијата 11:0 во средишницата на последниот период.

Расел Вестбрук и Пол Џорџ постигнаа по 24 поени, два повеќе од Кармело Ентони.

На спротивната страна Џејмс Харден постигна 26 поени, а Крис Пол 17 коша, а и двајцата имаа по девет асистенции.

Сан Антонио успеа да слави над Портланд, чија трета позиција на табелтата не е загрозена. Со оваа победа Сан Антонио стигна до шестото место на табелата и веројатен дуел во првата плејоф рунда против Портланд.

Ламаркус Олдриџ уфрли 28 поени, а по 17 постигнаа Ману Џинобили и Дехунте Мареј, додека кај Блејзерси подобри од останатите беа Демијан Лилард со 33, Еван Тарнер со 18 и Си Џеј Мекалум со 17 поени.

Scroll to Top