Белгискиот фудбалски репрезентативец, Ромелу Лукаку кој до прекинот на сезоната во Серија А, за Интер на 25 меча постигна 17 гола, е единствен случај во светот на фудбалот поради фактот дека зборува дури 8 јазици.
Упорноста и желбата да научи нов јазик во средините каде што живеел Лукаку ги продолжи и во Милано, каде по само два ипол месеци давал интервју на чист италијански.
Освен италијанскиот, Белгиецот го зборува мајчиниот француски јазик, а се служи и со фламанскиот кој како и поголемиот дел Белгијци, го учел во основно училиште.
Дел од неговите роднини се во Конго, па со нив зборува на банту – јазикот.
Освен овие 4 јазици, Лукаку се разбира и на англиски, шпански, поругалски и германски, иако никогаш не настапувал во Шпанија, Португалија и Германија.
За разлика од него, постојат и дијаметрално спротивни случаи на играчи кои иако со години живеат во одредена земја, се уште не успеале да го совладаат тамошниот јазик.
Лош пример е Серхио Агуеро кој иако 9 години игра во Манчестер Сити, може да состави 2-3 реченици на англиски.
Слична е ситуацијата и со Герет Бејл кој иако од 2013 е во Реал Мадрид, се уште се мачи со шпанскиот.