Реал и Атлетико ремизираа 1:1 во Мадрилењо дербито што се одигра во рамките на 31.коло во Ла Лига. Двата гола беа постигнати во второто полувреме, а стрелци беа најдобрите во своите тимови Кристијано Роналдо и Антоан Гризман.
Зинедин Зидан комбинираше со составот на својата екипа, но и без Иско, Модриќ, Каземиро и Бензема во стартниот тим Реал трга офанзивно и го притисна својот ривал уште од самиот почеток.
Реал во првите 15 минути изведе неколку корнери, но Атлетико добро се бранеше. Бејл се обиде на почетокот, потоа пробаа Ковачиќ и Роналдо, а повторно Бејл. Обидот на Роналдо го одбрани Облак, а на спротивната страна Кејлор Навас спречи гол по ударот на Диего Коста.
Второто полувреме Реал го отвори со гол на Кристијано Роналдо, негов 23.во Ла Лига. Бејл му избега на левата страна на Хуанфран, испрати идеален центаршут, а Португалецот со волеј ја смести зад грбот на Облак.
Атлетико израмни само четири минути подоцна. Витоло тргна во соло акција ја остави топката зад себе на која налета Гризман и беа мака ја смести во голот.
Само две минути подоцна Кејлор Навас спречи целосен пресврт. Костариканецот на неверојатне начин го одбрани ударот на Коке од 12 метри.
По 60.минута темпото на играта целосна падна, јасно беше дека двата тима се задоволни со нерешениот резултат. Атлетико имаше една шанса, која не успеа да ја реализира Кореа, додека Облак во 91.минута го одбрани слободниот удар на Серхио Рамос.
Атлетико остана втор на табелата со 68 бода, четири повеќе од Реал и 11 помалку од лидерот Барселона.
фото: EPA