Top Sport

Мајорка гледа кон Сегунда, не помогна ни пеналот на Трајковски (видео)

Екипата на Мајорка каде настапува македонскиот фудбалски репрезентативец, Александар Трајковски се поблиску е до испаѓање од елитната конкуренција во шпанскиот фудбал.

Атлетик Билбао предмалку со 3-1 славеше против Мајорка во вториот меч од 32-то коло.

Нашиот фудбалер влезе во второто полувреме, во 58 минута. Внесе живост, врз него беше направен и пенал кој во 69 минута Будимир го претвори во гол за намалување на тогашното водство на Атлетик на 2-1, но тоа беше премалку за Мајорка да го сврти резултатот во своја полза.

Уште во првиот дел, Билбао со головите на Гарсија (пенал) и Санцет водеше со 2-0.

До крајот на мечот, по пеналот на Мајорка, домашните фудбалери преку Вилалибре во 90 минута ги поставија конечните 3-1.

За Атлетик оваа победа значеше пробив на 9-тата позиција на табелата, додека Мајорка го доживеа четвртиот пораз во 5 меча (досега само една нерешена) по продолжението на сезоната. Екипата ја очекува грчевита борба за опстанок.

Scroll to Top